Русија може да се наврати на разговорите за испораките на противракетните системи С-300 на Сирија, откако врз оваа земја беше изведен заеднички американски, британски и француски ракетен напад, изјави неколку часа по нападот во саботата, челмикот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Русија, генерал-полковникот Сергеј Рудској, а во понеделникот член на Руската акедемија за ракетни и артилериски науки изјави дека најверојатно веќе започнала тајната испорака на споменатите ракетни комплекси.
Како што во саботата на брифингот со новинарите во Москва изјави генералот Рудској, носењето на одлуката за споменатото прашање била суспендирано на инсистирањето од западните земји, а сега ваквите ракетни системи може да бидат испорачани не само во Сирија, туку и на некои други земји со кои Русија водеше преговори за нивна продажба, пренесе агенцијата ТАСС.
Капетанот од прва класа Константин Сивков, член на Руската академија за ракетни и артилериски науки, во разговор за радиото НСН во понеделникот изјави дека тајната испорака на системите С-300 на Сирија најверојатно веќе е почната.
„САД добија силна шлаканица. Фактот што овој напад не беше успешен, покажува дека станува збор за посериозен воен пораз на САД. (…) Тој (Рудској – з.р.) многу претпазливо кажа дека ќе се вратат на разгледување на ова прашање. Се рзбира, ќе се погрижат ракетниот сисем С-300 во Сирија да биде испорачан тајно, за да се избегне можна против-акција од САД. Оттаму, можам да претпоставам дека испораките веќе започнале тајно и ќе продолжат и натаму“, рече воениот експерт.
Според Сивков, одговорот на сириската противвоздушна одбрана на ракетниот напад од САД, Франција и Велика Британија ја демонстрирал предноста којашто во моментов ја имаат руските системи за противракетна и воздушна одбрана.
„Ова што се случи, е прашање на тектонски пореметувања. САД се потпираа на ткн безконтактни војни, која тие, без да го ставаат во ризик персоналниот состав, нанесуваа ракетни удари врз цели, уништвајќи цели држави. А сега ова оружје како адут им е исфрлено од рацете, се покажа дека тоа се уништува и со стари ракетни комплекси со компетентна организација на нивното користење. Затоа руското оружје сега ќе биде купувано. Покрај тоа, сите земји ќе се ориентираат кон руската школа за организирање и употреба на противвоздушните системи. Тие ќе настојуваат да добијат кадри кои имаат таква обука“, заклучи Сивков.
Нападот врз Сирија беше изведен во саботата во мугрите. САД, Велика Британија и Франција истрелале врз предградијата на Дамаск и Хомс вкупно 103 крстосувачки ракети и авионски проектили „воздух-земја“, според руското министерство за одбрана. Притоа министерството исткана дека не биле регистрирани удари нанесени од француските сили. Сириската воздушна одбрана, составена од постарите ракетни комплекси С-125, С-200, Бук, Оса и Квадрат, успеала да собори 71 проектил, според истиот извор.