Вели уште дека како Алијаса за Албанците поддржуваат измени на Изборниот законик. Најпогоден за нивната партија е пропорционален модел, со отворени листи, со што сметаат дека на тој начин ќе се избегне лидерите на партиите или повисоките функционери да се наметнуваат во изборните листи.
Таравари вели дека ако Македонија не добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, логично е да има предвремени избори. За себе вели дека никогаш не излегол од здравствениот сектор и секогаш ќе остане лекар.
Најавената метла сѐ уште е во чекалната на премиерот Зоран Заев. Иронично, на вашиот фејсбук профил напишавте дека сепак метлата почнала во вашата општина со „присилно” поставување на директори по училиштата. „Војната” со централната власт продолжува. Дали жителите на Гостивар ги чувствуваат заострените односи кои ги имате со централната власт?
Да, токму така, кога сите очекувавме одредени освежувања во владиниот кабинет, посебно после првиот круг на претседателските избори, се случи, по шести пат, од ноември 2017 година, во општина Гостивар да се менуваат директорите на училиштата. Тоа доаѓа по притисокот од ДУИ што го врши на ниво на Владата, со цел да се спречат реформите на локалната власт во Гостивар. Ние овде, заеднички, ги победивме ДУИ и СДСМ, кои имаа свој кандидат за градоначалник на Гостивар. Значи, гостиварчани, со 17.000 гласови одлучија нивната општина да биде раководена од кадар на Алијансата за Албанците (АА), односно одлучија иднината во својата општина за образование, култура, урбанизам, инвестиции да ѝ ја доверат на една релативно млада екипа во политиката. Едноставно, се одлучија за промени во локалната власт во овој град. Меѓутоа, ДУИ сѐ уште не може да го прифати изборниот пораз во Гостивар. Оттука и наоѓа различни начини на опструкција на работата на локалната власт. Како го прави тоа? Два пати ги одзема ингеренциите во образованието, праќа различни инспекции и ревизии, со цел граѓаните да мислат дека никој друг, освен нив, не може да раководи со општините и Владата. Но, луѓето знаат да проценат и да анализираат, тие сѐ повеќе нѐ поддржуваат и имаат разбирање за сите пречки и опструкции од ДУИ преку централната власт. Јас верувам дека премиерот Заев е во тешка позиција, го разбирам и него, му требаа бројки за одредени процеси, а од друга страна не можеше да се спротивстави на притисоците од ДУИ за спречување на функционирањето на единствената урбана опозициска општина. Но, искрено се надеваме на подобри времиња. Повремено правиме и анкети за задоволство на граѓаните од локалната власт и, верувајте, резултатите се многу подобри од тоа што го очекувавме. Со искреното и транспарентното работење на градоначалниците на Алијансата и со конструктивните политики на нашата партија, веќе, според одредени анкети, сме пред ДУИ, со огромен капацитет за коалицирање и, според сите очекувања, со огромни шанси да ја победиме ДУИ на следните парламентарни избори.
Да се вратиме на метлата. Ваш став дали таа ќе ги смете вистинските „виновници” со чија помош се намали рејтингот на партијата или со одолговлекување на овој потег Заев само тактизира, а подебелиот крај ќе го извлечат најмалку повиканите?
Искрено, би сакал да има промени во Владата, бидејќи, навистина, на РСМ ѝ требаат реформи, луѓето сакаат да живеат квалитетно и спокојно во својата држава. При формирањето на оваа Влада, чиј дел бевме и ние во текот на првите 4 месеци, граѓаните очекуваа промени и реформи, меѓутоа следуваше огромно разочарување. Половина од режимот се смени, меѓутоа другата половина од поранешниот режим продолжи да биде дел од новата „реформска” Влада, без чии пратеници не беше возможно да се оформи ново мнозинство. Останатиот дел на режимот, односно ДУИ, почна да ја индуцира новата половина на Владата и, на крај, ги видовме резултатите од 21 април 2019 година, на претседателските избори. Нормално, како локална власт, многу ни е битно да имаме конструктивна и добронамерна Влада, со која ќе се комуницира на коректен начин, со цел заеднички да бидеме сервис на граѓаните. Има повеќе институции во општината кои се под надлежности на централната власт, па оттука неопходна е добра комуникација меѓу централната и локалната власт. Но, оваа комуникација со општина Гостивар досега не се одвиваше како што треба, а ние сме потполно свесни дека сето тоа се случуваше под притисок на ДУИ, кои се на власт речиси 17 години, без да бидат реформирани. Сега како партија, тие го „одживеаја“ своето, треба да одат во опозиција. Алијансата за Албанците има улога да го помогне и придвижи овој процес со победа на следните парламентарни избори.
Според Вас, кој функционер треба прв да си замине од фунцијата и зошто?
Оваа Влада се соочи со огромен број афери и скандали што беа објавени и во медиумите. Имаше и јавни анкети за тоа кои министри треба да се сменат. Тоа е, секако, одлука на премиерот, а како граѓанин на оваа држава се надевам и, пред сѐ, посакувам да се направат промени со луѓе кои имаат потенцијал за реформирање на институциите на системот. За мене тоа е најважното, промените да се направат онаму каде што се предизвикува гниењето и трулежот на власта и системот.
Целото интервју со Арбен Таравари прочитајте го ТУКА