Таткото на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во болница поради вирусот ковид-19.
Како што објавуваат српските медиуми, Анѓелко Вучиќ се бори за живот и се наоѓа во болницата на КБЦ „Бежанијска коса“.
Инаку, таткото на претседателот не сакаше да прими никаква вакцина освен руската вакцина, која доцнеше седум дена.
Според информациите претседателот Вучиќ и неговиот брат Андреј се во болницата и очекуваат вести за нивниот татко.
Исто така, мајката на претседателот Вучиќ, Анџелина, е позитивна на коронавирусот.