Американската пејачка Тејлор Свифт ќе ја добие наградата American Music Awards во престижната номинација „артист на деценијата“, пренесува магазинот Variety.
„Таа има најмногу награда АМА во оваа деценија. Во 2019 година Свуфт е номинирана за пет награди. Покрај тоа, таа ќе учествува и на концерот AMA Live во Њујорк на 24-ти ноември“, се наведува во соопштението на American Music Awards.
Минатата година, 30-годинашната пејачка ја мината легендарната Витни Хјустон според бројот на наградите AMA меѓу женските исполнители, а годинава има шанси да ја надмине и починатата поп-икона Мајкл Џексон, кој има најголем број признанија – 24. Тејлор во моментов има 23 награди АМА.
Свифт е номинирана во категориите: најдобро видео на годината, најдобар поп/рок албум за „Lover“, најдобра поп/рок изведувачка, најдобар современ возрасен изведувач и пејач на годината.