Потезите кои ги преземаат САД за да се укинат санкциите против Иран се „добри, но не и доволни“, изјави во саботата иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолхиан, неколку часа откако Вашингтон објави дека ги укинува санкциите кои се однесуваат иранскатата цивилна нуклеарна програма.
Американските потези доѓаат во периодот кога преговорите за враќање на САД и делумно на Иран во договорот од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили за ограничувањата на иранската нуклеарна програма напредуваат, а главното прашање и иранско барање е укинување или ублажување на американските санкции.
„Укинувањето на некои санкции може, во вистинска смисла на зборот, да се објасни со нивната добра волја. Американците постојано за тоа зборуваат, но притоа треба да знаат дека она што ќе се напиште во документот е добро, но истовремено е недоволно“, изјави шефот на иранската дипломатија Хосеин Амир-Абдолахиан, пренесе новинската агенција ISNA.
Американскиот Стејт департмент во петокот соопшти дека ги укинува санкциите коишто се однесуваат на иранската цивилна нуклеарна програма како технички потег кој е неопходен за враќање во Заедничкиот сеопфатен план за дејствување (JCPOA), потпишан во Виена 2015 година меѓу Иран со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Европската унија.
Во 2018 година, за време на мандатот на Доналд Трамп, САД еднострано се повлекоа од договорот инсистираа на ново преговарање коешто ќе ја опфати и иранската ракетна програма, и повторно воведоа санкции кон Иран, кој, реагирајќи на таквата одлука, постепено се откажа од некои ограничувањата наметнати на неговата нуклеарна програма.
Иранската цивилна програма се однесува на зголемување на резервите на збогатениот ураниум. Техеран од почетокот на развојот на својата нуклеарна програма тврди дека таа е наменета за добивање електрична енергија и за медицински истражувања.
Во согласност со со договорот од 2015-та, Иран не смее да поседува повеќе од 300 килограми резерви ураниум до новото од 3.67 отсто, но смее да го збогатува и да го извезува.
Амир-Абдолахуан повторно истакна дека е едно од „главните прашања“ во преговорите за договорот е постигнување гаранции САД повеќе да не се повлекуваат од JCPOA.
Обновените Виенски преговори, во кои учестуваат Иран, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, се во фа за во којашто преговарачите мора да донесат важни „политички одлуки“. Преговорите за оживување на нуклеарниот договор привремено беа порекината минатата седмица, а преговраќите се вратија во своите земји на консултации. Коментаторите проценуваат дека преговорите за JCPOA може да продолжат следната седмица.