Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во понеделникот вети одмазда, откако во неделата во Техеран во атентат е убиен полковникот на елитната Гарда на исламската револиција, Сајад Ходаи.
Во неделата околу 16 часот во една од уличките во близина на техеранскиот булевар Муџахедин-е-Ислам, два лица на мотоцикл пет пати стрелале во офицерот на Револуционерната града, пренесуваат иранските медиуми. Фотографиите од местото на нападот прикажуваат окрвавен маж како подгрбавен седи во автомобил сѐ уште врзан со безбедносниот ремен.
Станува збор за најголем безбедносен напад, кој властите го карактеризираат како терористички чин од 2020 година кога во софистициран напад со сателитско управување беше убиен водечкиот ирански нуклеарен физичар Мохсен Фахризаде.
„Изразувам сочувство за мачеништвото на полковникот Сајад Ходаи, Потврдувам дека безбедносните сили ќе спроведат сериозна истрага и без сомнение ќе им се одмаздиме на злосторниците за овој херој“, изјави иранскиот претседател Раиси во обраќање пренесувано на иранската државна телевизија.
Полковникот Ходаи беше високопозициониран офицер на елитните бригади ал-Кудс, за којашто се смета дека се оддел на Револуционерната гарада којашто дејствува во странство, којашто САД ја обвинуваат дека поддржува организации кои Вашингтон ги смета за терористички и тврдат дека е одговорна за напади на Блискиот исток.
Со изјавата претседателот Раиси навести дека постои сомневање дека во атентатот врз Ходаи би можело да бидат вмешани САД и нивните сојузници.
Иранските власти за ваквите атентати вообичаено го обвинуваат Израел и САД кои дејствуваат во земјата преку екстремистичката „Организација на муџахедините на иранскиот народ“ на сунтиското малцинство во Иран, кое во ирачко-иранската војна од 1980-те години се бореа на страната на ирачкиот сунитски диктатор Садам Хусеин. Подоцна под покровителство на САД, за нив повеќе од две децении беше организиран бегалски и камп за обука крај ирачката престолнина Багдад, но откако во Ирак кој е мнозински шиитски започна борбата против Исламската држава, со ангажман на тогашната државна секретарка Хилари Клинтон од администрацијата на претседателот Барак Обама, тие беа дислоцирани во Албанија.