Во атарот на село Табановце, Кумановско во близина на железничкиот премин „Табановце“, синоќа, во 01. 15 часот по полноќ, по предходна меѓусебна расправија помеѓу мигранти, 24-годишен Сириец добил убоди од нож во ногата. Тој бил префрлен во кумановската болница.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.