Според него, имало „повеќе силуети“ кои стрелале врз жртвите кои биле на подот. Луи мисли дека тие пукале со пушки со пумпа, бидејќи имал впечаток дека ги полнеле. Во еден момент имало тишина. Силите на редот нешто пред полноќ преминаа во акција во Батаклан, каде четворица терористи се убиени, од кои тројца со активирање на нивните експлозивни појаси. Во акцијата е ранет еден од припадниците на силите на редот.
Истовремено четири лица беа убиени во експлозиите во близината на Стад де Франс. Терористите нападнаа една брасерија (пивница) и МекДоналдс. Претседателот Франсоа Оланд беше извлечен од стадионот каде се играше фудбалскиот натревар Франција-Германија.
Натпреварот се доигра за де се избегне паника на трибините. По завршувањето, најголемиот број од 80.000 гледачи останаа на стадионот, а некои од од нив слегоа на теренот по најавата на спикерот дека „се случиле инциденти“, а во меѓувреме беа испратени повеќе спасувачки екипи.
Претседателот Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс, набрзо му се приклучија на министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, при што одржаа кризен состанок, следен со состанок на владата.
Истовремено се реактивирани кризните штабови на највисокото ниво, во Министерството за внатрешни работи префектурата на полицијата директно ги пренесува снимките од камерите за видео набљудување.
Сите расположливи…