Тешко повреден скопјанец откако бил соборен со електричен тротинет на „Партизанска“

Во понеделникот околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, електричен тротинет управуван од 36-годишниот М.М. од Скопје удрил во пешакот Х.Н. на 42 години од село Бардовци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.