Tesla очекува глобален недостиг од минерали за батерии за електричните возила

Американскиот произведувач на електрични автомобили „Tesla“ очекува глобален недостиг од никел, бакар и други минерали кои се користат во изработка на батериите за електричните возила поради недоволните вложувања во банкарскиот сектор, изјави менаџерката на компанијата.

Компанијата „Tesla“ е голем потрошувач на минерали, а досега ретко во јавноста ги изнесуваше своите процени за металуршката индустрија. Бакарот, никелот, литиумот и сродните минерали се клучни сировини за производството на батериите и другите делови за електричните возила.

Менаџерката за глобално снабдување со батериските метали во „Tesla“, Сара Мерисејл изјавила во четвртокот на затворена конференција на претставници на рударскиот сектор, регулатори и законодавци дека овој производител на електрични автомобили забележува недостиг од клучните минерали потребни за производиство на ваквите возила, наведуваат извори на Reuters.

Портпарол на компанијата изјавил дека нејзините изјави треба да се толкуваат исклучиво во контекстот на индустријата на електричните автомобили. Додал и дека тие се однесувале на долгорочните можни предизвици во снабдувањето со споменатите метали.

Индустријата на бакар веќе подолго време има маки со недоволни вложувања, а сега трескавично настојува да отвори нови рудници и да го зголеми снабдувањето со овј метал, поттикната од глобалниот тренд на свртување на автомбоилската индустрија кон електричните возила. Електричните автомобили користат двојно повеќе бакар отколку автомобилите со мотори со внатрешно согорување, напомнува Reuters.

Дополнителн извор на засилена побарувачка се и таканаречените системи за паметни домовои, како што е термостатот „Nesta“ на „Alphabet“ и личната асистенка „Alex“ на „Аmazon“, којашто според процените на консултантската компанија BSRIA до 2030 година ќе потрошат околу 1,5 милиони тони бакар., Моментално тропшат 38 илјади тони.

Мерисејл на споманатата конференција го истакнала и „огромниот потенцијал“ кој би можело да го донесе партнерст вото со рударските сектори на Австралија и на САД, според изворите. Австралија кон крајот на минатата 2018 година потпиша прелиминарен договор со САД за заеднички истражувања и развој на секторот на минерали за кои се смета дека се клучни за американската економија.