![testenini-modar-patlidzan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/08/testenini-modar-patlidzan.jpg?resize=696%2C297&ssl=1)
Модриот патлиџан може да се комбинира со голем број производи, а се смета дека е комплементарен продукт што ги балансира сите други вкусови. Еве еден рецепт како да подготвите вкусни тестенини со модар патлиџан.
Состојки:
- Тестенини
- 60 мл маслиново масло
- 1 модар патлиџан
- 250 грама шери домати
- 2 чешниња лук
- Благи пиперки
- Црн бибер
- сол
- 250 грама моцарела
- Свежи ливчиња нане
Подготовка:
Сварете ја тестенината како и вообичаено, но пред да ја прецедите, излејте 250 мл од водата во чаша.
Во тава загрејте го маслиновото масло и додадете исечкан модат патлиџан и оставете да се пржи додека не добие златна боја (8 до 10 минути). Додадете преполовени шери домати, чешниња лук, зачинете со сол, блага пиперка и црн пипер.
Гответе додека патлиџанчињата не омекнат, однсоно 2 до 3 минути.
Додадете го зеленчукот во тестенините и водата од тестенината и моцарелата и промешајте.
Готовите тестенини можете да ги декорирате со свежи ливчиња нане.