На градскиот плоштад во Тетово голем број граѓани се собраа на протест по повикот упатен од организациски одбор на социјалните мрежи во знак на незадоволство и револт поради зголемување на цената на електричната енергија. Претставник на органицискиот одбор ги прочита барањата.
„Одлуката на Регулаторната комисија е скандалозна затоа што плаќаме скоро највисока тарифа за електрична енергија во Европа. Затоа од овој плоштад во Тетово го креваме својот глас во име на граѓаните за вака ги доставиме барањата до Регулаторната комисија, Парламентот, Владата и до компанијата ЕВН. Прво регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 20 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании“, истакна претставникот на оргнизацискиот одбор.
Тој истакна дека споменатите институции имаат десет дена да ги исполнат барањата.
„Овој протес е организиран да се даде шанса за мирот да се спречат оние огорчени граѓани кои препочитаат да ги решат овие проблеми според бугарскиот модел. Ако вие кои треба да ги решавате овие барање се оглушите, вие ќе го оштетите мирот и вие ќе бидете одговорни за насилството што може да избувне. Ако не ги сфатите сериозно овие барања ќе ги оправдате радикалните постапки на граѓаните“, истакна претставникот на организацискиот одбор.
Според прочитаното соопштение на организацискиот одбор по седум дена ќе има марш по градските улици и ќе се блокира сообраќајот.