-0.2 C
Skopje
понеделник, јануари 6, 2025

Тетовец не пријавил починато лице за да продолжи да ја зема пензијата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 45-годишниот С.М. од тетовското село Вејце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во март 2019 година, 53-годишниот К.Ф. од селеото Вејце,тетовско, бил повикан во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и му биле побарани документи за продолжување на пензија на неговата мајка, на што тој кажал дека неговата мајка е почината во 2013 година и дека не знаел дека требало да пријави во Фондот.

Исто така, од Фондот го информирале дека на име на неговата мајка од 2013 до 31.01.2018 година од Фондот биле исплатени 247.836 денари, за кои кажал дека тој не ги подигнал.

Притоа, од Фондот му бил издаден листинг со кој извршил проверка во Македонска пошта во Тетово, при што било утврдено дека пријавениот ги подигнал паричните средства на име на мајката на оштетениот.