Тетово денеска и утре е во дводневна жалост, со одлука која вчера ја донесе Советот на Општина Тетово, поради четири жртви кои ги однесе силното невреме, проследено со поплави и лизгање на земјиштето, завчера.
Во природната непогода, која предизвика големи поплави, загинаа чатири лица, едно девојче се води како исчезнато, а 11 се повредени.
Според досегашните официјални информации во силното невреме во Тетово починаа Х.Ф. (83) и А.М. (14) од селото Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15), исто така од селото Шипковица.
Силното невреме, проследено со ветер и обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во Тетово, причинета е и голема материјална штета на приватни и државни имоти, објекти, инфраструктура, земјоделски земјишта.
Над 200 објекти се значително оштетени од поплави, а висината на штетите ќе ја проценува Комисија формирана од Владата, со чија одлука погодените семејства ќе добијат еднократна парична помош од по 30.000 денари, се првичните официјални информации од надлежните институции.