Капитенот на Пари Сен Жермен, Тиаго Силва, кому му истече договорот со францускиот шампион, постигнал устен двогодишен договор со лондонски Челзи, објавија во вторникот британските медиуми.
Официјалното потпишување на договорот се очекува наредните денови, а за 35-годишниот бразилски репрезентативец беа заинтересирани повеќе клубови, меѓу кои и италијанска Фиорентина. Се претпоставуваше дека тој ќе се врати во бразилски Флуминензе од чии редови дојде во Европа.
Силва осум години мина во ПСЖ и планираше во Париз да ја заврши кариерат, но на почетокот од јуни од спортскиот директор и негов сонародник Леонардо беше известен дека клубот нема да го продолжи договорот, кој истекуваше на 30-ти јуни. Така, неделното финале во Лигата на шампионите во кое „Светците“ беа поразени со 0:1 од минхенски Баерн беше последниот натпревар на Бразилецот за клубот.
По тој меч Силва изјави дека сака да игра уште три до четири години, и оти цел му е да настапи за бразилската селекција на Светското првенст во 2022 година во Катар.