Опозициската вонпарламентарната партија ТМРО во понеделникот побара одговорност за сите инволвирани страни кои дозволиле одржување и сквернавење на Македонскиот народен театар од страна на навивачката група „Шверцери“.
„Вандалскиот чин, за чудо не наиде на осуда од политичките поддржувачи и организатори на овој настан, организиран во Национална Установа, која по својата дејност не може да биде сцена за вакви манифестации“, се истакнува во реакцијата.
За ТМРО сквернавењето на македонскиот национален театар е симболично омаловажување на македонскиот народ.