ТМРО изразува загриженост од последните смислени и координирани грабежи на македонски православни цркви во Дебарско,Струшко, Кичевско,Тетовско ,како и сквернавењето на Македонските православни гробишта во село Брњарци, Скопско, со што се уриваат вековниот меѓурелигиски и меѓунационален соживот.
„Ова не се случајни и ситни грабежи или сквернавења гробници, ова е смислен чин на етничко и верско чистење во северозападна Македонија секогаш пред православни празници,овој пат на ден Задушница, а пораката е директно упатена до македонското православно население“, се вели во соопштението од ТМРО.
ТМРО ја повикува Исламската Верска Заедница да се огради и да ги осуди пљачосувањето и сквернавењето православни објекти