По објавувањето на веста од премиерот Зоран Заев дека договорот со Грција предвидува промена на името на државава за севкупна употреба некои го поддржуваа, но социјланите мрежи беа преплавени со негативни коментари.
– Влегуваме во НАТО, ќе станеме дел од ЕУ, конечно ќе бидеме рамни со сите. Ова е новиот Илинден – најсилниот и најсериозниот до сега. За ова се бореле и нашите предци и ние денеска. Нека ни е честита Македонија, напиша ан својот Фејсбук профил Ангелина Апсис, советничка во град Скопје од редовите на СДСМ.
На нејзиниот став остро се спротивстави познатата актерка, Камка Тоциновски.
-Ајде избриши си го тоа Македонија и пиши си Северна Македонија. И предците да не ги ставаш во уста. Твоите ако ги имаш да се бореле ок, моите не се бореа за ова и не умреа за Северна Македонија. А стварно имаш некои од твоите предци да се бореле за Македонија? Никогаш не си спомнала, пишува Тоциновски.
На Фејсбук статусот има коментари дека Апсис секогаш велела дека е горда Егејка.
-Егејка? Па да го разубавиме коментаров тогаш, пишува Тоциновски цитирајќи го Петре М. Анреевски и неговата „Небеска Тимјанова“ во кој има исповед на една жена од Егејска Македонија: „Ама секоја куќа има свој нужник, што се вели, и секој народ има свој предавник. Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои. Така кажуваат и народните песни. Најубавите деца сами си ги јадеме или ги подметнуваме во туѓа служба, како кукавицата своите јајца во туѓите гнезда. Некој војвода има речено: за да станеш предавник, доволно е да си Македонец. Ништо не ти треба друго и ништо повеќе. Господ да ни е на помош, би рекол, зашто и нашиот господ е шпион…“