Шесткратниот освојувач на „Супер Боул“, најуспешниот играч во историјата на американскиот фудбал, 41-годишниот квотербек на Њу Ингланд Патриотс, Том Бреди, следната сезона ќе мора да ја менува кацигата.
Моделот на кацигата каков што досега носеше Бреди, НФЛ го забрани бидејќи не ги исполнил зададените стандарди за безбедност во текот на лабораториските тестирања. Освен Бреди, уште 31 играч ќе биде принуден да ја промени кацигата која досега ја носел.
Всушност, моделот кој Бреди досега го користеше беше прогласен за неадвекатен уште минатата година, но играчите добија едногодишен рок за промена на опремата. Водството на НФЛ лигата заедно со Здружението на играчите во 2015 година воведе нови построги стандарди за тестирање на кацигите.
Бреди во февруари годинава ја освои својата шеста шампионска титула со Патриотс, совладувајќи ги во финалеот Лос Анџелес Ремс со 13:3.