Трагичната приказна за децата бегалци исфрлени на брегот на Турција, како и фотографиите од нивните тела објавени на социјалните мрежи денес ја потресоа светската јавност.
Британски Телеграф, посвети поголемо внимание на браќата Ајлан и Галип Курди, чиишто тела вчера беа исфрлени на брегот на Турција, а чии фотографии предизивикаа бурни рекации и отворија вистинска дебата за случувањата со мигрантската криза во Европа која зема се поголем замав.
Вознемирувачките фотографии на малиот Ајлан не говорат само за состојбите во Европа во однос на бегалската или мигрантската криза, туку и за случувањата на Средниот исток.
Трагичната приказна за децата бегалци од Кобане
Во светските медиуми, заедно со фотографиите објавена е и трагичната приказна за децата бегалци исфрлени на брегот на Турција. Ајлан и Галип заедно со нивното семејство бегале од Исламска Држава. Тригодишниот Ајлан и петгодишниот Галип бегале од нападите во Кобане, заедно со нивната мајка Рехан и таткото Абдула. Тажно, но во вчерашната трагедија животот го загуби и нивната мајка. Таткото ја преживеа несреќата, но, како што пренесуваат светските медиуми, изјавил дека ќе се врати во Кобане, за таму да го погреба своето семејство.
Покрај тоа, во дел од медиумите се појавија информации дека семејството претходно поднело барање за азил во Канада, но биле одбиени. Теема Курди, која живее во Ванкувер повеќе од 20 години за Отава Ситизен изјавила дека семејството поднело барање од типот „Г5“, односно приватно спонзорирано барање за азил, пренесува Телеграф.
Порталот известува дека барањето било одбиено во јуни годинава, поради компликациите што се вклучени кај барањата за азил од Турција.
Порталот нагласува дека ова е така, затоа што ОН не ги забележува сириските курдски бегалци во Турција како бегалци, а Турција не им издава на бегалците визи за излез.
Се обидував да им помогнам и моите пријатели и соседи ми помогнаа со банкарските депозити, но не успеавме да ги извлечеме, и затоа отидоа на бродот. Јас дури им плаќав кирија во Турција, но начинот на кој ги третираат Сиријците таму е ужасен, вели Теема.
Британски „Телеграф“ исто така успеа да објави фотогфрафии на среќните моменти на двете дечиња, кога биле исполнети со живот и надеж.
Инаку, бегалците се почесто се обидуваат да го поминат Егејското море помеѓу турскиот полуостров Бодрум во грчкиот остров Кос. Оддалеченоста помеѓу овие два острови е само 4 километри и станува збор за еден од најкратките водени патишта помеѓу Турција и Европската Унија. Повеќе за ова на следниот линк.