Трамп негира дека САД имаат план за испраќање 120.000 војници на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негираше во вторникот тврдењата во американските медиуми дека планира да испрати 120.000 војници на Блискиот исток кои би ги одбиле наводните можни воени и нуклеарни напади од Иран.

„Мислам дека тоа се лажни вести, ОК? Е, а сега, дали јас тоа би го сторил: Секако. Но тоа уште не сме го планирале. Се надевам дека нема да мораме да имаме таков план. И доколку го направиме тоа, би испратиле двојно повеќе војници отколку што се наведвуа“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Дневниот весник The New York Times (NYT) претходно објави дека привремениот американски министер за одбрана, Патрик Шанахан, минатата седмица претставил ажуриран план на состаникот на највисоките функционери на американската национална безбедност, а кој наводно предвидува испраќање на околу 120.000 војници на Блискиот исток, доколку Иран би ги нападнал американските сили или интереси во регионот или би го забрзал развојот на неговото нуклеарно оружје.

Ажурираниот план не се однесува на копнена инвазија врз Иран, бидејќи за тоа би било потребно многу повеќе војници, пишува NYT цитирајќи изјави на неименувани фунцкионери од администрацијата на претседателот Трамп. Во обновениот план, очигледно е влијанието на најголемиот заговорник на остра акција против Иран, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, се наведува во текстот на NYT.

Вашингтон минатата седмица во водите на Блискиот исток го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“ на Блискиот исток. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и групата на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион минатиот викенд, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

Иран засилувањето на воената присутност на САД во регионот на Блискиот исток го оцени како „психолошка војна и заплашување“.Иранската Револуционерна гарда во петокот порача дека нема да преговата со САД околу нуклеарната програма на Техеран, а истакнат верски авторитет предупреди дека американската флота може да биде „уништена со една ракета“, додека групата на американски носач на авион се приближува на Персискиот залив.

Поголемите напнатости во лоштите односи меѓу САД и Иран се зголемија и откако Техеран објави дека делумно суспендирање на своите обврски од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година со шесте светски сили, од кој минатата 2018 година САД еднострано се повлекоа наметнувајќи нови санкции против Техеран.