Трамп објави дека договорил деблокада на владата

Американскиот претседател Доналд Трамп објави во петокот дека со пратениците договорил тринеделно финансирање со кој ќе ја прекине 34-дневната блокада на сојузната влада, а според претставници на Демократската партија овој договор не ја вклучува сумата за градење на ѕидот на границата со Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп бара во буџетот за следната фискална година да бидат внесени и 5,7 милијарди долари за градење на ѕидот на американско-мексиканската граница за што вели дека е од безбедносен интерес за САД, за спречување на трговиите со луѓе и дроги. Меѓутоа, на вклучувањето на ова негово предизборно ветување оваа сума да биде вклучено во секој закон за финансирање на владините агенции, се спротиставуваат пратенциите од Демократската партија.

„Горд сум што можам денеска да објавам дека договоривме спогодба со која ќе ставиме крај на блокадата и повторно ќе ја отвориме сојузната влада… Многу скоро ќе го потпишам законот за отворање на владата на три седмици, до 15-ти февруари, и ќе осигурам сите вработени многу брзо да ги добијат своите плати, што е поскоро можно“, рече Трамп за новинарите во градината на Белата куќа.

Откако Трамп и демократите се надмудруваат во Конгресот во врска со буџетските несогласувања, од 22-ри декември околу 800.000 сојузни службеници се на принуден одмор или работат без плата. Демократите, кои по изборите во ноември имаат мнозинство во Претствничкиот дом но не и во Сенатот, го отфрлаат ѕидот како „скап, неефикасен и неморален проект“. Од друга страна Трамп, чиишто репибликаци имаат сега проширено мнозинство во Сенатот, смета дека ѕидот е неопходен за спречување на нелегалното доселување и криумчарењето дроги од Латинска Америка во САД.

Договорот чиишто контури се направени во петокот би ја деблокирал владата, а прашањето за финансирање на ѕидот би го оставил за дополнителни преговори, порачаа демократски претставнции во Претставничкиот дом, тело кое веќе во петок може да го потврди договорот, доколку републиканците се согласат да гласаат. Да го сторат тоа, пак, може уште денеска да ги притисне лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Мекконел, рекол републиканец од горниот дом на Конгресот.

Постигнатиот договор мора да го одобрат двата дома на Конгресот и треба да го потпише претседателот. Законот за привремено финансирање на владата би го продолжил работењето на агенциите до последното ниво од фискалната година и би вклучил извесна сума за безбедност на границите, но не и за ѕидот. Трамп за новинарите појасни како го осмислил проектот за градење на ѕидот.

„Не ни се потребни 2000 милји (3.200 километри) бетонски ѕид од море до море. Никогаш и не биле. Никогаш тоа не сме го предлагале. Никогаш тоа не сме го сакале, бидејќи има препреки на границата каде што природните структури се исто толку добри како и сѐ друго што би изграделе. Нашите предложени структури ќе бидат на претходно дефинирани локации со висок ризик, а специфично ги одредија граничните патроли за да го запрат незаконскиот проток на луѓе и дроги“, рече Трамп.