За да го спречи карванот на мигрантите од централноамериканските земји, кои велат дека бегаат од насилството и сиромаштијата во нивните земји, да продрат на американската територија, американскиот претседател Доналд Трамп има намера да ги смести во „шаторски градови“ и таму да ги задржи со помош на повеќе од пет илјади војници, чиешто испраќање на мексиканската граница го најави Пентагон.
„Доколку бараат азил, ќе ги задржиме додека нивниот случај не се преиспита. Ќе ги задржиме, ќе подигнеме шаторски градови, ќе поставиме шатори насекаде таму… Нема да подигнуваме конструкции и да трошиме стотици милиони долари, ќе поставиме шатори, ќе бидат сосенма добри, и мигрантите ќе мора да чеааат, и доколку не добиваат азил, ќе заминат… Спротивно на (поранешниот демократски претседател Барак) Обама и другите, ќе ги примиме тие луѓе, ќе ги сместиме таму и ќе чекаат. Кога луѓето ќе видат што се случува, помалку ќе доаѓаат“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вечерта за телевизијата Fox News.
Оваа најави дека доаѓа по објавата на американската војска со спроведување на безбедносен план на претседателот во врска со имигрантиет од Хондурас.
„До крајот на седмицата ќе распоредиме повеќе од 5.200 војници на југозападната граница, коишто ќе им се придружат на 2.100 припаднци на Националната гарда коишто веќе се мобилизирани… Тоа е само почетокот на операцијата.“, изјави на прес-конференцијата генералот Теренс О’Шонеси, командант на севеноамериканската воена зона, потврдувајќи многу поголема бројка од 800, којашто се споменуваше минатата седмица.
Оваа операција наречена „Верен патриот“ требаше да овозможи построги гранични премино од сојузната држава Тексас во соседната Калифорнија, и да им даде логистичка поддршка на агентите на царинските и службите за заштита на границите во другите помалку заштитени зони.
Американскиот претседател последните седмици истакнуваше дека на американско-мексиканската граница е потребно воено засилување, искористувајќи ја колонаља со повеќе илјади имигранти за да ја одбрано својата противдоселеничка политика пред изборите за Конгресот на 6-ти ноември. Ж
Мексиканските власти објавија дека примиле 1.743 барања за азил откако колоната со околу 7.500 луѓе влезе во земјата, главно од Хондурас. Мигрантите тргнаа од Хондурас на 13-ти октомври Во меѓувреме нивниот број се намали и според процените на некои невладини организации чиишто активисти патуваат заедно со мигрантите, сега станува забор за околу 4.000 луѓе.