Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот за прогласување катастрофа за сојузната држава Тексас поради сѐ посилниот приближување на ураганот Харви кон брегот на оваа држава
На социјалната мрежа Twitter американскиот претседател Доналд Трамп објави дека природната катастрофа ја прогласил по барање на гувернерот на државата Тексас, Грег Абот, додавајќи дека тоа ја „ослободува полната сила на помошта од владата“.
Ураганот Харви кој се приближува на брегот на Тексас источно од Корпус Кристи зајакна во петокот од категорија 3 на категорија 4, што е сигнал за изразено посилни бури со силни ветрови и океански бранови и оти се приближува на копното, предупреди американскиот Национален центар за урагани.
Од центарот предвидуваат дека Хари, која е означен и со најсилната бура во САД од 2005 година, ќе го погоди јужниот брег на Тексас во саботата утрото по средноевропско време, со големи врнежи и поплави, а издадено е и предупредување за илјадници луѓе да ја напуштат таа област.
Бурата веќе погоди и околу 20.000 патници на три туристички бродови за крстарење во Мексиканскиот залив, при што два се пренасочени во Њу Орлеанс, а третиот останува во Козумела во Мексико, откако во петокот беше затворено пристаништето Галвстон во Тексас.
Претходно и гувернерот на Тексас побара помош од американската сојузна влада, во пресрет на налетот на Харви, а Трамп преку социјалните мрежи ги храбреше и им посака среќа на сите луѓе кои ќе се најдат на патот на ураганот, со совет да ги следат упатствата на локалните власти.
Агенциите јавуваат и дека во областа владее голема загриженост и за животните, вклучително и за домашните миленици, стоката и околу шест илјади животни во зоолошката градина во Хјустон, со упатување до граѓаните да ги засолнат во засолништа и во хотели за домашни миленици. Сепак, и натаму загрижува можноста дека ураганот ќе убие илјадници животни.