Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е незаконски планот на властите на сојузната држава Мичиген да им ги испрати на избирачите материјалите за гласање по пошта на претстојните претседателски избори, и притоа се закани со блокирање на финансирањето на оваа држава.
„Тоа е сторено незаконски и без согласност на државниот секретар. Ќе побарам да се задржат средтвата за финансирање наменети за Мичиген, доколку на овој начин сакаат да ги измамат гласачите“, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Twitter.
Пораката се однесува министерот за финансиии Стивен Мначин, шефот на кабинетот на својот кабинет и вна вршителот на должноста директор на Бирото за менаџмент и буџет (OMB).
Државната секретарка на Мичиген, Џозелин Бенсон, во вторникот изјави дека сите 7,7 милиони гласачи во Мичиген ќе добнијат по пошта пријави за гласање во отсуство пред на 4-ти август да бидат одржани предизборите, односно на 3-ти ноември претседатеклските избори за никој да не мора да избира „меѓу правото на здравје и правото на гласање“.
Сојузната држава Мичиген, на чие чело е гувернер од Демократската партија, не се идентификува јасно со една политичка партија. Републиканецот Доналд Трамп таму победи во 2016 година, но во 2012 година победи демократскиот претседател Барак Обама.
Републиканците стојат на ставот дека гласањето преку пошта овозможува измами и ја фаворизира во овој момент Демократската партија, додека демократите велат дека тоа им овозможува на што поголем број луѓе да учествуваат на изборите.
Ускратувањето на финансиските средства од федерално ниво, би имала тешки последици за Мичиген, кој изминатите два месеца е под строгите рестриктивни мерки поради епидемијата на коронавирусот. Ваквите строги ограничувања од кои штета трпат особено малите и средните компании, и поединците поттикнаа остри бројни протести.
Во вторникот вечерта гувернерката на Мичиген, Гречен Витме, прогласи вонредна состојба во некои делови од државата поради пукнување на две брани како последица од обилните дождови, поради кои илјадници луѓе се евакуираа.