Трамп тврди дека САД го ликвидирале најверојатниот наследник на лидерот на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатниот наследник на челникот на ултрарадикалната сунитска организација Ислмска Држќавам (ИД), Абу Бакр ал-Багдади бил ликвидиран од страна на американските војници.

„Туку што ми потврдија дека главниот наследник на Абу Бакр ал-Багдади е ливкдиран од американските трупи. Моги веројатно е дека тој би ја преземал таа позијца, Но сега и тој е мртов!“, напиша Трамп на Twitter.

Американскиот претседател не го именува терориститот и на невадива дали тој бил цел на специјална операција.

Претходно во понеделникот беше потврдено дека во неделата доцна ноќта милицијата на сириските Курди, Единици за заштитa на народот (YPG) во заеднички напад со американските сили на северот од Сирија е убиен и портпаролот на џихадстичката групација Исламска држава (ИД), Абу ал-Хасан ал-Мухаџир.

Главниот командант на SDF, Мазлум Абди, во неделата изјави дека тој напад бил „продолжение на претходната операција“ во која е убиен водачот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади. На Twitter Абди објави дека портпаролот на џихадистите бил земен за цел во селото Аин ал-Бајда, на северот од сириската покраина Алепо, и дека тој бил десната рака на ал-Багдади.

По потврдата на убиството на ал-Багдади, не беше јасно кој од неговите командати може да ја преземе титулата „калиф“. Џихадистите Абу Абдел Рахман ал-Џезрауи Абу Осман ал-Фаранси, би можеле да ја предводат терористичката Исламска држава по смртта на новниот водач, оценуваат арапските медиуми.

Арапските медиуми, пак, наведуваат дека ал-Багдади недолго пред неговата ликвидација го пролгасил својот наследнил и според нив станува збор за ирачкиот туркмен Абдула Кардаш, кој бил најголемиот следбеник но и истовремено и најголем конкурент на ал-Багдади. Неговото вистинско име е Амир Мухамед Саид ал-Маул, и е пет години поблад од својот покровител. Кардаш се запознал со ал-Багдади во американскиот затвор, а исто така бил војник во војската на Садам Хусеун, а потоа го привлекле идеите на Ал Каеда.