Трас е веќе понепопуларна од Џонсон и Корбин

Новата британска премиерка Лиз Трас веќе е помалку популарна отколку што воопшто некогаш бил нејзиниот сопартиец во Конзервативната партија и претходник Борис Џонсон или поранешниот челник на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, покажува анкетата на YouGov од која резултатите беа објавени во средата.

Само 14 отсто од Британците сега имаат „позитивен“ впечаток за премиерката, што е значителни помалку од 26 отсто во претходната анкета направена меѓу 21-ви и 22-ри септември. Оваа анкета била спроведена на 1-ви и 2-ри октомври на примерот од 1.751 испитаник.

Речиси три четвртини, односно 73 отсто од Британците сега имаат „негативно“ мислење за работата на премиерката. А дури 55 отсто од испитаниците имаат „многу негативно“ мислење за Трас.

Тоа се полоши резултати од најлошите кои ги имаа Џонсон и Корбин своевремено во истражувањето на јавното мнение во Велика Британија.

Лиз Трас вети во средата дела ќе ја извлече земјата од тешкиот период кој претстои зборувајќи за „бурни денови“, додека ги изнесуваше своите планови за поттикнување на економскиот раст.

Во својот говор на годишната конвенција на владејачката Конзервативна партија, која ја одбележуваат пресврти и внатрешни поделби, премиерката Трас призна дека нејзините политики ќе предизвикаат нарушување.

Меѓутоа, инсистираше дека „статус-кво не е опција“. „Мораме да го држиме правецот“, рече Трас.

Премиерката го одржа говорот по финансиските и политичките превирања поради контроверзната владиниот мини-буџет. Обидот да се намалат даноците за 45 милијарди фунти и да се зголеми владината потрошувачка предизвика потрес на пазарите, голем пад на вредноста на фунтата и би можело да предизвика пораз на партијата на изборите.

Поради тоа Трас мораше да се откаже од укинувањето на највисоката стапка на данокот на приходите од 45 отсто за најбогатите, а потоа отворено беше нападната од пратениците и министрите поради други политички области, што многу отскокнува од дисциплината која можеше да се види минатата седмица на конвенцијата на опозициската Лабуристичката партија, којашто сега има сигурно водство во анкетите.

Така, говорот на премиерката Трас траеше околу 35 минути, што е најмалку отколку вообичаените обраќања на партискиот челник на “ториевците“ на конвенциите. Накусо беше прекинат и од приврзаници на еколошката организација Гринпис.