Тренерот на италијанскиот прволигаш Аталанта, Џан-Пјеро Гасперини призна во неделата дека заболел од Covid-19 во март, пред реванш натпреварот во осминафиналето од Лигата на шампионите во Валенсија, по кој настапи прекинот на натпреварувањето поради пандемијата предизвикана од ширењето на коронавирусот.
„Ден пред мечот во Валенсија веќе бев болен. На денот на натпреварот се чувствував уште полошо. Не изгледав добро ниту на клупата“, изјави Гасперини во итнервјуто за весникот Gazzettа dello Sport.
Аталанта со победата од 4:3 во дуелот одигран пред празни трибини го потврди триумфот од 4:1 од првиот меч огриган во Милано, со што тимот од Бергамо, во својот дебитантски настап во Лигата на шампионите се избори за четвртфиналето.
Токму мечот во Милано на кој присуствуваа околу 40.000 навивачи од Бергамо, се смета за локацијата од каде коронавирусот се рашири и го зафати градот, кој беше еден од најтешко погодените во Италија.
„Кога и да се сетам на тоа, ми се чини потполно апсурдно дека кулминацијата на спортската среќа коинцидираше со најголемата чума во нашиот град“, вели Гасперини кој се присетува на своето искуство со коронавирусот.
„Беше 10-ти март. Две вечери претходно малку спиев. Немав темпертура, но се чувстввуа исцрпено, како да имав темпертура од 40 степени“, вели 62-годишниот тренер и потоа раскажува како завршил во болница.
„Возила на брзата помош минуваа на секои две минути до блиската болница. Излгедаше како да сме земја којашто е во војна. Вечерта помислив ‘што ќе ми се случи, ако одам таму… Не можам да одам, имам многу работа’ Тоа го кажав низ смеење, за на сите да им ја олеснам ситуацијата, но навистина така и мислев“, раскажува Гасперини.
Гасперини првпат бил тестиран на Covid-19 дури пред десетина дена. А тестот потврдил дека бил заразен со коронавирусот.
Неговата состојба почнала да се поправа четири дена по мечот со Валенсија, но тогаш го загубил сетилот за вкус, што сега е еден од познатите симптоми за Covid-19. Гасперини вели дека „ручекот залиен со Дом Перињон, кој за него го подготвил врвен готвач, имал вкус на леб и вода“.
Тренерот на Аталанта смета дека продолжувањето на италијанското фудбалско првенство е добредојдено.
„На некои им се чини неморално повторно да се тргне со фудбалот. Гледав како луѓето во Бергамо пееја од своите балкони додека под нив минуваа камионите со ковчезите и не го сметав тоа за неморално. Тое за мене беше инстиктивна реакција на луѓето кои се обидуваат да се одржат во живот. Аталанта може да му помогне на Бергамо да тргне напред“, заклучува Гасперини.
Италијанското првенство би требало да биде продолженот на 20-ти јуни. Аталанта е четврта со 48 бодови, 15 помалку од водечкиот Јувентус, но со добри шанси повторно да избори настап во Лигата на шампионите.