Трговијата меѓу Кина и Русија нагло скокна минатиот месец. Во исто време, Пекинг продолжува да ги критикува санкциите на Западот кон Москва поради нејзината инвазија на Украина, пишува Индекс.хр.
Во март трговската размена меѓу двете земји се зголеми за дури 12,75% (11,7 милијарди долари), покажуваат податоците на кинеската царинска служба. Што се однесува до првиот квартал од годинава, тоа е зголемување од дури 30,45% во однос на истиот период лани.
Русија е главен извор на Кина на нафта, јаглен, гас и земјоделски стоки, наведува Би-Би-Си. Пекинг сè уште не го нарече рускиот напад врз Украина како инвазија, но постојано ги критикува западните санкции кон Русија, велејќи дека тие се „незаконски“.
Пред почетокот на војната, Кина и Русија објавија дека влегуваат во стратешко партнерство „без граници“, потсетува Би-би-си.
Така, Кина би можела барем делумно да ги ублажи проблемите на Русија предизвикани од западните санкции. Но, аналитичарите велат дека сè уште не гледаат знаци за кршење на западните санкции кон Русија.