Здружението „Наши” денеска ќе организиара јавна трибина за потребата од носење нов закон за „одговорно родителство со кое децата и по разводот ќе имаат подеднаков пристап до двајцата родители, заради неопходната потреба за двете родителски фигури во животот на детето“.
Трибината на тема „Заедничко родителство по развод“, ќе се одржи во Public Room, со почеток од 17 часот.
На трибината се поканети креаторите на новиот закон, новиот министер на Министерство за труд и социјална политика, проф. д-р Дејан Мицковиќ професор по семејно право на Јустинијан Први, Сашо Панговски претседател на Здружение НАШИ, Наум Рибароски член на Здружение НАШИ, Данче Пауновска психолог и Јанаки Митровски адвокат.