![Ohridski Maraton](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Ohridski-Maraton.jpg?resize=696%2C372&ssl=1)
Триесеттина пливачи од светската елита ќе бидат учесници на годинашното 36-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон.
Претставници на Општина Охрид и на Националната пливачка федерација денеска одржаа состанок посветен на почетокот на подготовките за организирањето на годинешното издание на маратонот, при што е разговарано по однос некои од потребните технички и логистички услови за целокупната организација на најзначајната меѓународна спортска манифестација во Охрид и земјата.
На иницијатива на Општина Охрид, Охридскиот пливачки маратон е ставен под закрила на Европската пливачка федерација и ќе се одржува во рамки на Отвореното првенство на LEN, со што се враќа препознатливиот сјај на маратонот како атрактивен настан, интересен за професионалните напреварувачи и врвните пливачки имиња.
На денешниот состанок е најавено дека годинава спортската манифестација ќе биде збогатена со повеќе новитети, како за самите учесници така и за публиката.
Минатата година Општина Охрид ја презеде организацијата на Охридскиот пливачки маратон, за што од општинскиот буџет беа издвоени два милионa денари, како и целосна вклученост на општинските ресурси за успешно организирање на манифестацијата.