Фудбалерите на Дижон се најпријатното изненадување на почетокот од француското првенство, и по првите три кола имаа стопроцентен ефект откако на гостувањето кај Ница победија со чисти 4:0.
Головите за Дижон ги постигнаа Огер во 67, Хадади во 83 и Кеита во 86 и третата минута од судиското продолжение, Дижон е на второто место со максимални девет бодови.
Исто толку има и Пари Сен Жермен, кој во саботата порано на својот „Парк на принцовите“ го совлада Анжер со 3:1. Домашните поведоа во 12 минута со голот на Единсон Кавани, а од пенал израмни Мангани, но во продолжени се потполни триото на ПСЖ и Килиан Мбапе во 51 и Нејмар во 66 минута погодија за нова победа на париските „светци“. Анжер, така, и натаму нема освоено бод во новото првенство.
Тулуз со голот во 80 минута од пенал што го реализираше Градел го совлада Ним, а Нант во истата минута исто така од пенал на Сала постигна гол, со што го анулираше водството на Каен постигнато во 37 минута преку Кривели.
Амиен со 4:1 го победи Ремс, а стрелци беа Гнаоре во 22, Годос во 58, Конате во 67 и 73 минута за домашните, а Кафаро го ублажи поразот во 84 минута. Монпелје и Сен-Етјен одиграа без голови.
Во петокот Лион со 2:0 го совлада Стразбур. Во недела играат Лил – Гинган, Бордо – Монако и Марсеј – Рен.