Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели видео во кое го повика министерот за земјоделство Трајан Димковски на ТВ дебата.
-На денешниот протест на лозарите и овоштарите во Росоман јавно го повикав министерот Димковски на тв дуел и конечно прифати да се соочиме пред очите на јавноста и да дебатираме за погубните политики кои ги води СДСМ во последниве три години откако се на власт, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права.
„Ветуваа пласман, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурни и повисоки откупни цени, нема ништо од тоа. Денеска сме овдека на овој протест да дадеме поддршка на македонскиот земјоделец, на земјоделецот којшто ја храни Македонија, а не на криминалната влада на Зоран Заев кои работат само за сопствени интереси.
Секојдневно гледаме на пропустите коишто ги прави оваа влада, поготово во секторот земјоделие.
Јас ќе останам овдека до последно со македонските земјоделци затоа што тие се столбот на македонската економија и државност и нема да попуштиме, си го бараме она што го ветуваа“, изјави Трипуновски пред лозарите.
Зоран Заев ветуваше брда и планини, нема ништо сега. Сега уживаат во климатизирани канцеларии, а денеска ги нема тука нигде.
СДСМ обвини дека блокадата на патот Прилеп – Градско е од страна на фантомското здружение и е уште еден неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација на земјоделците.
„Денеска немаше никаков протест на лозари или овоштари туку очаен обид за искривување на реалноста од страна на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, донесен со автобуси пред Росоман“, наведуваат од СДСМ.