„Денеска на барање на мојот домаќин Екрем го посетив Ново Село во Општина Чашка и поразговарав со него и дедо Богдан. Од разговорот дознав дека досега никој ги нема посетено како од локалната така и од централната власт“, пишува на својот Фесјбук профил дополнителниот заменик-минстерот во техничката Влада во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Цветан Трипуновски.
Екрем имал нешто над 550 овци и над 100 крави, а проблемите биле исти.
„1.Неисплатени субвенции по грло, за млеко, за органско производство.
2.Ветената мерка од 400 денари која што требаше да ја добијат уште лани се уште не им е исплатена и заради погрешно креираната мерка повеќето сточари, за жал, нема да ја добијат оваа субвенција.
3.Заборавени од локалната самоуправа и пристапниот пат е речиси непрооден и безброј други проблеми кои дополнително им го отежнуваат и така тешкиот живот“, надведува заменик-министерот од ВМРО-ДПМНЕ.
Трипуновски на крајот потенјцира дека од 12 април доаѓа вистинската грижа и подобрувањето на условите за македонските земјоделци.