Во раните утрински часови во вторникот во две одделни акции на припадниците на Министерството за внатрешни работи, изведени во тетовско и во Скопје, приведени се вкупно четири лица осомничени за недозовлена трговија со наркотици
Утрово околу 1,10 часот во Тетово од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово на локалниот пат Тетово – село Саракино во близина на угостителски објект лишени од слобода се Д.О. на 41, Ш.Б. на 57 и Б.Е. на 51-годишна возраст, сите од тетовско затоа што во нивна близина била пронајдена прашкаста материја.
Подоцна околу 5,10 часот во одделна полицска акција на подрачјето на скопската општина Гази Баба од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен 23-годишниот К.Ѓ. од Скопје. Кај него била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на два случаи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.