Американецот, Артур Ешкин, Канаѓанката Дона Стрикленд, како и Французинот Жерар Муру во вторникот се прогласени за годинешните добитници на Нобеловата награда за физика, за нивните достигнувања на полето на ласерската физика, објави Шведската кралска академија на науките.
Артур Ешкин, кој има 96 години, така стана највозрасниот нобеловец во историјата на доделувањето на најпрестижните научни награди во светот.
Во образложението на Академијата се истакнува дека откритијата на тројцата научници довеле до револуција во областа на ласерската физика и дека сега „екстремно малите предмети и неверојатно брзите процеси може да се набљудуваат во нова светлина“.
Ешкин ќе добие половина од наградата „за оптичките пинцети и нивната примена во биолошките системи“. Другата половина ќе ја поделат професорите Муру и Стрикленд „за развивање на методот на генерирање на ултракортните оптички импулси со висок интензитет“.
Ешкитн е американски физичар, пионер во областа на создавањето на ткн оптички стапици, автор на 47 патенти. Познат, исто така, е по истражувањата во областа на фотофракцијата, генерирањето на втор хармоник и нелинеарната оптика во влакната.
Муру и Стрикленд се француски и канадски физичари, кои во 1985 година претставија нова техника на супермоќните ласерски импулси, односно засилување на циркулираните импулси.
Церемонијата на наградите на лауератите, според традицијата, ќе се одржи на 10-ти декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловите награди, шветскиот претприемач и пронаоѓач Алфред Нобел (1833-1896). Четири од петте награди, коишто тој ги воспоставил во својот тестамент, ќе бидат врачени во шведската престолнина Стокхолм. Петтата награда, согласно волјата на основачот, се доделува во норвешката престолнина Осло, исто така, на 10-ти декември.
Сомата на секоја од Нобеловите награди во оваа 2018 година изнесува 9 милиони шведски круни, според сегашниот курс над милион американски долари.