Тројца исчезнати во бурата во Грција

Најмалку три лица се сметаат за исчезнати во силната бурна во Грција којашто предизвика поплави во повеќе делови во земјата, објавија во неделата грчките власти.

Реткиот медитерански циклон „Зорба“, започна во саботата и досега главно најмногу ги погоди деловите од островот Евија, источно од копнена Грција, и јужниот полуостров Пелопонез. Грчката државна телевизија извести дека  на Евија е пријавено исчезнувањето на момче и на средовечна двојка. Потрагата по нив е во тек кај радот Мантудија.

Бродовите се задржани во најголемите пристаништа во земјата, а сообраќајот во многу области ширум Грција е нарушен, бидејќи патиштата се поплавени. Налетите на ветер предизвикаа и прекин во снабдувањето со електрична енергиај и уриваа стебла на целата територија.

Пожарникарите до пладнето примиле повеќе од 1.300 повици за помош за да ги евакуираат луѓето заробени во автомобили и во поплавени куќи или да ги отстранат урнатите стебла и другите наноси.

Улиците на коринт на Пелопонез се претворени во реки, пренесуваат медиумите, оека крајбрежните градови се изложени на удари од големи бранови. Гувернерот на покраината Пелопонез, Петрос Татулис, изјави дека бурата предизвикала оштетувања на куќи, на полињата и на ржавната инфраструктура.

Температурите оваа седмица неочкувано паднаа до 10 Целзиусови степени. Ветарот во некои области достигнувал брзини до 100 километри на час и се очекува дека уште ќе јакне. Властите стравуваат и од одрони и поплави на поширокото на подрачјето на главниот град Атина кое неодамна беше погодено од големи пожари и порои. Во август во пожар на подрачјето Матија загинаа најмалку 99 луѓе.

Минатата година 24 луѓе загина, а десетици останаа без домови во пороите кои ги девастираа две крајбрежни места западно од Атина.