Трojца загинаа, а седуммина се ранети кога двајца вооружени маскирани мажи отвориле оган врз група луѓе во трговски центар во Њу Орлеанс. Убијците се во бегство, а полицијата апелира до гражаните да соработуваат со властите да се идентификуваат напаѓачите.
Шефот на полицијата, Мајкл Харисон изјави дека еден од напаѓачите имал пушка, а другиот пиштол и дека неселективно пукале во масата луѓе. Двајцата по пукањето некое време стоеле над едно од погодените лица, па избегале.
Ова е екстремно трагичен инцидент, рече тој.
Двајца мажи и една жена биле убиени на самото место, а седуммина се повредени – пет мажи и две жени, еден во критична состојба, додека останатите не се животно загрозени.
Харисон додаде дека многу луѓе виделе и слушнале што се случило и дека треба да веруваат во полицијата и да кажат што се случило. Убијците наводно биле облечени со блузи со качулки, но тоа е единствениот опис на осомничените.