Tурција очекува прилив од милион бегалци по руските напади во Сирија

Руските воздушни напади во Сирија, кои го нарушиле балансот на силите во густо населените региони ќе доведат до масовен прилив на сириски бегалци во Турција, при што нивниот број може да достигне еден милион лица, изјавил турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.

– Западниот дел на Сирија е регион со најголем број жители, истакна Куртулмаш, посочувајќи дека таму се наоѓаат градовите Дамаск, Хомс, Хама, Алепо и Латакија.

Тој нагласил дека во моментов таму има баланс на силите и се води многустрана граѓанска војна.

– Секоја дополнителна интервенција таму, особено интервенцијата на Русија и нејзините бомбардирања на позиции на умерените претставници на опозицијата, ќе го зајакнат режимот. Во тој случај режимот постепено ќе го зајакне својот притисок и ќе ги интензивира нападите, рече турскиот вицепремиер.

Според него во тој случај промените во балансот во тие густо населени места ќе доведе до прилив на стотици илјади, можеби и над милион бегалци кон Турција.