Турканици, кавги и нервоза за пренасочување на сметките од Еуростандард банка (ФОТО)

Уште од раните утрински часови пред речиси сите експозитури во Скопје, но и во целата земја, може да се забележат редици луѓе кои сакаат да отворат сметки во банките, откако претходно имале сметки во Еуростандард банката која беше затворена од страна на Народна банка, објави „Плусинфо“..

Инаку, станува збор за пензионери, лицата кои земале плата преку Еуростандард, како и примателите на социјален и детски додаток, кои по затворањето на банката, веднаш тргнаа да отворат сметки во други банки.

Фондот за пензиско ги информираше пензионерите тоа да го направат најдоцна до 21 август, а како што истакнаа оттаму, единствено ќе треба да достават известување до банката преку која сакаат да им се врши исплатата, а потоа самата банка ќе ги информира ПИОМ. Нема потреба да одат до шалтерите на Фондот, информираа од пензиско.

Повеќе на „Плусинфо“