Турскиот парламент во четвртокот вечерта ја ратификуваше точката со која ѝ се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот на Хелсинки да се приклучи на западната одбранбена алијанса додека беснее војна во Украина, објави Reuters.
„За ратификација на протоколот за пристапување на Финска во НАТО – 276 гласа, предлогот е прифатен. Честитки за Финска и нејзините граѓани“, изјави заменик-претседателот на парламентот Хајдар Акар.
Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако унгарскиот законодавен дом го стори тоа претходно оваа седмица.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во март рече дека Финска ја обезбедила наклонетоста на Турција по преземањето конкретни чекори за одржување на ветувањата за сузбивање на групите што Анкара ги смета за терористи и за ослободување на извозот на воена стока.
Финска и Шведска поднесоа барање за приклучување кон трансатлантскиот воен сојуз минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, но процесот беше блокиран од Турција и Унгарија. Парламентите на сите членки на НАТО мора да ги ратификуваат новите членки.
Турција, пак, сѐ уште го одложува одобрувањето на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, исто како и Украина, па од Стокхолм претходно во четвртокот изјавија дека не се оптимисти дека земјата можа да се приклучи на воениот болк на самитот во Вилнус во јули.