
Њујорк им се приклучи на американските сојузни држави коишто го дозволуваат таканареченото човечко компостирање, пренесуваат медиумите во неделата.
Луѓето во Њујорк отсега може по смртта да бидат подвргнати на постапката којашто е позната и како „природна органска редукција“, што во контекстот на неолибералните политики се смета за „еколошка алтернатива“ на традиционалниот погреб во сандак или на кремирањето.
Таквата постапка првпат беше дозволена во 2019 година во регионот на американската престолнина Вашингтон, а потоа следеа сојузните држави Колорадо, Орегон, Вермонт и Калифорнија.
Компостирањето на човечките посмртни останки во саботата го одобри очекувано демократската гувернерка на државата Њујорк, Кетлин Кортни „Кети“ Хокул.
Постапката трае околу еден месец по што семејството на покојникот добива „дезинфициран компост кој може да се користи за одгледување цвеќиња, зеленчук или дрвја“.
Американската компанија којашто се занимава со ваквите активности „Recompose“ истакнува дека така „може да се заштедат тони јаглеводороди во однос на кремирањето или традиционалниот погреб во сандак“.
Поборниците на оваа постапка тврдат дека компостирањето освен што е подобро за околината, е и попрактично во градовите каде земјиштето за гробиштата е ограничено.
„Одобрувањето на компостирањето на посмртните останки на луѓето претставува голем чекор за попристапна зелена смрт на национално ниво“, соопштиле за весникот The New York Post od компанијата „Return Home“ од Вашингтон.
Меѓутоа, има и такви кои сметаат дека користењето на компостот од покојници е етички проблематично. Католичкиот бискуп во државата Њујорк се против на овој закон наведувајќи дека со човечките тела не смее да се постапува како со домашниот отпад.
Други, пак, ја истакнуваат и цента на постапката. Но компанијата „Recompose“ од Сиетл, една од првите на светот која се занимава со тоа, тврди дека цената од 7.000 американски долари речиси одговара на цените на традиционалниот погреб во ковчег или на кремирањето. Притоа посочува дека цената на класичниот погреб во ковчег во САД во 2021 година изнесувала 7.848 долари, а на кремирањето 6.971 долар.
Човечкото компостирање е веќе легално во Шведска, а во Обединетото Кралство се дозволени „природни погреби“ на телата без ковчег или во „биоразградлив ковчег“.