Новата гувернерка на американската сојузна држава Њујорк, Кети Кортни Хокул, откри во средата дека 12.000 луѓе повеќе починале од Covid-19 отколку што официјално беше објавено во текот на мандатот на нејзиниот претходник и сопартиец од Демократската партија, Ендрју Куомо, со што го направи првиот чекор кон исполнувањето на ветувањето за поголема транспарентност.
Државата Њујорк има 55.400 починати од коронавирусот, врз основа на податоците од американскиот национален Центар за превенција и контрола на болестите (CDC), наведува во соопштението Кети Хокул, која во вторникот ја презема гувернерската должност.
Тоа претставува зголемување од 12.000 починати во однос на претходните 43.400 жртви на Covid-19, колку што Ендрју Куомо објави пред заминувањето од функцијата поради вмешаноста во сексуален скандал.
„Ги користиме бројките на CDC, коишто ќе бидат конзистентни“, рече Хокул за јавното радио National Public Radio (NPR).
Оваа промена не претставува разлика во тоа како државата Њујорк стои во однос на другите американски сојузни држави. Њујорк и натаму е на третото мето според смртните исходи во САД, зад Калифорнија и Тексас. Но втора е според смртноста во однос на бројот на населението, зад соседната Њу Џерси, според пресметките на Reuters.
Откако во вторникот ја положи свечената обврска на должноста, Хокул ѝ вети на јавноста поголема транспарентност за да посигне „њујорчаните повтоно да ѝ веруваат на својата влада“.