Шведската полиција соопшти дека две лица биле уапсени во врска со дивеењето на улиците на Гетеборг и Тролхатан, кога вандалите запалија или оштетиле околу 100 возила.
Полицијата уапси момчиња на возраст од 16 и 21 година, а се очекува денеска да бидат уапсени уште вандали.
Веруваме дека околу 100 возила се изгорени или оштетени. Групите беа организирани и подготвени, изјави портпаролот на полицијата, Ула Брем.
Помал број автомобили биле запалени минатата ноќ и во Стокхолм, а вандализам бил пријавен и во градот Фалкенберг.
Повеќето градови каде што се случило насилството се наоѓаат во индустриска зона каде што високите стапки на невработеност се високи. Нема информации за повредени.
Полицијата вели дека не е јасно што ги предизвикало немирите и насилство во ноќните часови, но тие веруваат дека бандите се вклучени.