Убиецот на 23 луѓе во Тексас осуден на 90 доживотни затворски казни

Федерален судија во петокот осуди бел расист на 90 доживотни затворски казни за убиство на 23 и ранување на други 22 лица во напад на супермаркет од синџирот „Walmart“ во сојузнаа држава Тексас, чија цел биле Американци со шпанско потекло, објавија локалните медиуми.

Казната е дел од договорот за признавање вина во федералниот суд во Ел Пасо во кој 24-годишниот Патрик Крусиус се изјасни за виновен и се согласи на затвор за да ја избегне смртната казна.

Сепак, сè уште постои тековен случај во државниот суд во Тексас што може да резултира со егзекуција.

Крусиус возел повеќе од илјада километри од предградијата на Далас до Ел Пасо на границата со Мексико и на 3-ти август 2019 година изврши масакр со автоматска пушка „калашников“ од романско производство и експандирачки куршуми.

Пред пукањето, тој објавик манифест на интернет во кој напишал: „Овој напад е одговор на Хиспаноамерикансата инвазија на Тексас. Тие се виновни, а не јас. Јас само ја бранам својата земја од културниот и етничкиот инженеринг до кој доведе инвазијата“.