„Убиецот од Златната држава“ осуден на повеќе доживотни казни за 26 силувања, убиства….

Поранешниот полцииски офицер од американската сојузна држава Калифорнија, наречен „Убиецот од Златната држава“, Џозеф Џемјс Де Анџело, во петокот на своите жртви им порача дека „искрено жали“ пред да му биде изречена казната во трање од повеќекратни доживотни затворски казни за повеќедецениските сериски силувања и убиства со кои во 70-те и 80-те години од минатиот век ја тероризирал оваа сојузна држава.

Сега 74-годишниот Џозеф Џејмс ДеАнџело, во јуни пред судот се изјасни за виновен за 13 убиства и за 13 силувања во спогодбата со обвинителството да ја избегне можната смртна казна.

Судијата на судот во округот Сакременто, Мајкл Бауман, костатирајќи дека ДеАнџело помладиот ќе умре во затоврд изјави дека ја „одредил најголемата казна којашто судот според законот може да ја донесе“.

ДеАнџело пред изрекувањето на пресудата стана од инвалидската количка, ја симна маската за лице и рече дека ги слушнал сите изјави дека „искрено жали“.

„Ги сослушав сите сведочења. Секое од нив. Навистина жалам поради сите кое ги повредив“, изјави ДеАнџело пред судијата да му ја одреди казната од 11 доживотни казни без можност за пуштање на условна слобода.

Жртвите на ДеАнџело три дена сведочеа пред судот, за злосторствата сторени во периодот од 1975 до 1986 година. Жртви имаше толку многу што пресудата во петокот мораше да биде изречена во универзитетска аула, доволно голема за во неа да ги собере преживеаните жртви и нивните семејства.

„Преживеаните јасно рекоа: обвиентиот не заслужува милост. Кога некој ќе изврши монструозни дека, треба да биде затворен за да не може никогаш да наштети на невините“, истакна судијата Бауман што беше проследено со аплауз, пренесува Associated Press.

Од медиумите наречениот „Убиец од Златната држава“ призна пред судот десетици други сексуални напади и злоставувања кои биле застарени. Обвинителите рекоа дека станува збот за „едноставно зачудувачки“ нагон на насилство, кое опфаќа 87 жртви и 53 сексуални злосторства во повеќе од 120 провалувања во 11 окрузи на Калифорнија, а жртвите имале од 14 до 41 година.

„По денешното изрекување на пресудата ДеАнџело повеќе никогаш нема да претставува закана за нашите жртви. Нема повеќе да повредеи ниедно човечко суштество“, истакна главната обвинителка Дијана Бектон.

Повеќето од монструозните злосторства го сторил во околината на Сакраменто, а некои во Заливот Сан Франциско, како на југот на калифорниското крајбрежје, каде што се селеле со сопругата.

Ноќе провалувал во куќите и становите на своите жртви. Често напаѓал жени кои живееле сами, додека спиеле, или двојки кои би ги врзувал а потоа би ја силувал жената пред нејзиниот партнер.

Полицијата го откри според ДНК од место на злосторства која ја споредила со генетски информации за член на неговото семејство пронајдени на интернет страница за утврдување на потеклото на кои луѓе самите испраќаат свој примерок од ДНК.