Едно лице е убиено, а еден е повреден при оружен напад во чајџилница што денеска доцна попладне се случи во скопската населба Ченто, информираат од полицијата.
Според неофицијални информации, во нападот во чајџилницата „Кај Џело“ жртва е познатиот скопски криминалец Џелал Ајети.
Според се’ уште непотврдени информации, непознато маскирано машко лице со автоматска пушка влегол во чајџилница околу 18 часот и пукало кон присутните. Во пукањето Ајети е убиен, а уште едно лице е тешко повредено и веднаш по нападот пренесено во болница.
Ајети има дебело полицискo досие, беше вмешан во низа инциденти и во судири со други познати криминалци.
Од полицијата засега не ја потврдуваат оваа информација и велат дека се уште се работи за утврдување на идентитетот на убиениот.