Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви дополнително паднал

Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви се намалил и во првиот квартал во 2018 година, на новите најниски нивоа во последните четири години, додека уделите на еврото како и на кинеската и на британската валута се зголемиле, објави Меѓунродниот монетарен фонд (ММФ).

Уделот на доларот во глобалните резерви се намалува веќе пет квартали со ред, бидејќи американската валута ослаби и во првите три месеца во 2018 година поради очекувањата дека растот на економиите надвор од САД ќе забрза, што би можело да ги наведе големите централни банки во светот на намалување на монетарните поттикнувања. Но, и покрај тоа, доларот и натаму е најзначајната девизна резерва.

Светските резерви се сопственост на централните банки, а се држат во ралични валути и главно служат како поддршка за нивните обврски. Централните банки понекогаш ги користат овие резерви за да помогнат во одржувањето на курсевите на валутите.

Резервите во американски долари изнесувале во првиот годинешен квартал 6.449 милијарди долари, при што нивниот удел во вкупните глобални резерви паднал на 62,48 отсто, од 62,72 проценти во четвртото последно тимесечје од минатата 2017 одина. Така, уделот на девизните резерви изразен во американски долари се спуштил на најнинското ниво од четвртиот квартал во 2013 одина, кога изнесуваше 61 2 отсто, покажаа неодамна објавените податоци на ММФ.

Уделот на еврото во глобаните девизни резерви достигнал во првиот годинешен квартал 20,39 отсто, од 20,15 отсто во претходното тримесечје. Тоа е неговто најголемо ниво од последниот квартал во 2014 година, но и натаму е далеку попд 28 проценти, колку што изнесувал уделот на заедничката европска валута во глобалните резерви во 2009 година.

Уделот на кинескиот јуан во глобалните девизни резерви и натаму расте трето тримесечје со ред. Така, во првиот квартал од годинава достигнал 1,39 отсто.

Истовремено уделот на британската фунта пораснал на 4,68 отсто, што претставува најголем раст од последниот квартал во 2015 година. Од друа страна, пак, уделот на јапонскиот јен во девизните резерви на светско ниво се лизнал од 4,89 на 4,81 отсто, покажува споменатиот извештај.