На вечниот Антонио Ди Натале како никогаш да не му е доста од постигнување голови. Синоќа со два погодоци го предводеше пресвртот на Удинезе против Парма до нова победа во калчо лигата.
Резултатот го отвори тимот на Парма преку Маури, по што уследи двојната реализација на 36-годишниот Ди Натале. Со голот на Касано од пенал во четвртата минута од судиското надополнување, Парма го однесе натпреварот во второто полувреме со резултат 2:2, но потоа Ортоу и Тиро ги искористија своите шанси и му донесоа победа на Удинезе, додека гостите од 77. минута останаа и без еден играч. Удинезе е на третата позиција на табелата со 12 бода, веднаш зад Јувентус и Рома кои имаат максимални 15 бода.