УЕФА ја прмовира новата топка за ЛШ

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави топката со која ќе се играат завршните натпревари од актуелната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), образложувајќи дека новиот дизајн го симболизира одбележувањето на дведеценискиот јубилеј од првото појавување во јавноста на „ѕвездената топка“.

Изработена како и досега од германскиот производител на спортска опрема „Адидас, на новата топка наречена „Финале Истанбул 2021“ (The Finale Istanbul 2021) се испишани имињата и годините на сите претходни завршници почнувајќи од 2001-та година, кога УЕФА го редизајнираше логото на своето елитно клупско натпреварување со препознатливите осум ѕвезди.

Новата топка, на која ѕвездите, овој пат, се обоени во бела боја, ќе се корости на сите преостанатите натпревари сезонава во ЛШ, започнувајќи од утрешните први осминафинални натпревари и заклучно со големото финале закажано за 29 мај на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул, соопшти УЕФА.